Триесет дена притвор за осомничениот за двократниото убиство во Вевчани


Полициската станица од Струга против Здравко Србакоски (56) од Вевчани поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

svr1Пријавениот, кривичното дело го сторил на 13-ти овој месец, во 21 часот и 30 минути во летната бавча на кафетеријата „Пјаца“ во Вевчани. Откако се приближил од источната страна, тој извадил огненото оружје пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што легално го поседувал и испукал седум куршуми кон една од масите каде седеле четири лица. Од здобиените повреди, во општата болница во Струга починале Владо Попески (43) и Мате Ѓурчески (23) двајцата од Вевчани додека со телесни повреди се здобиле две лица жители на Вевчани кои се надвор од животна опасност. Горан К. (33) има повреди во пределот на левата надлактица поради што е пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека Илија П.(29) се здобил со три прострелни влезно-излезни рани во пределот на абдоменот и е опериран во болницата во Струга.

Откако го напуштил угостителскиот објект, сега притворениот заминал во неговиот дом каде по кратко време е приведен и лишен од слобода. „Во неговиот дом, полициските службеници го пронајдоа огненото оружје-пиштол кое сега приведениот З.С. легално го поседувал. Дополнително, при претресот пронајдени се 25 парчиња пиштолска муниција калибар 7,65 милиметри, 61 парче муниција калибар 7,64 милиметри и еден ловечки нож. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.“-информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1