Трисетина сантиметри нов снег наврнаа ноќеска на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка. Според вработените во сместувачките капацитети, снегот почна да паѓа во неделата околу 20 часот и во текот на ноќта формираше значителна снежна покривка.
Снегот го има и регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, а тешко е за движење поради постојаните врнежи. Може да се помине само со теренско возило, а не со патничко моторно возило.
Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека на Попова Шапка во наредните денови според метеролошката состојба се можни и нови врнежи од снег.