Триесетдневен притвор за дадилката која истепа дете во игротека во Аеродром


Триесетдневен притвор ѝ е одреден на дадилката која беше снимена од безбедносните камери на кафулето „Дежаву“ во Аеродром како тепа дете во игротеката во склоп на кафулето, објави ТВ21.

Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Детето имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две деца. 

– Вчера во околу 15:57 часот, сопственик на  угостителски објект пријави  дека на 21.11.2019 околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како Н.Н. во игротеката физички малтретира дете. Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1