Тригодишник ја застрела мајка си во главата


Тригодишно момченце играјќи си со пиштол ја застрелало неговата мајка во главата, пренесуваат американските медиуми во неделата.

Трагедијата, како што пренесува телевизиската станица 17 West Michigan дел од мрежата Fox, се одиграла во местото Бејлис Гроув, во сојузната држава Мичиген. Откако полицајците по дојава за пукање, ја пронашле 28-годишната жена со прострелна рана во задниот дел од главата. Настраданата жена е хоспитализирана, но лекарите соопштиле дека и покрај сериозноста на повредата нејзиниот живот не е во опасност.615x318_3269-policajac_sad

Случаите кога неколкугодишни деца се извршители на убиства или ранувања со огнострелно оружје во САД и не се невообичаени, но во суштина тоа се инциденти како резултат на небрежност на родителите и возрасните и се без намери да се пука. Цивилното население на САД, според весникот New York Daily News, поседува меѓу 270 и 300 милиони парчиња оружје, што е приближно по едно на секој жител.

Така на самиот крај од 2014 година беше регистриран случајот кога двегодишно момченце случајно си ја застрела мајката која почина на самото место во супермаркет од познатиот трговски синџир „Walmart“ во гратчето со 13 илјади жители Хајден во американската сојузна држава Ајдахо. Според локалната телевизија 29-годишната жена пазарувала со своите четири деца, кога двегодишникот го извадил од нејзината чанта пиштолот и случајно ја застрелал. Жената од повредите починала на самото место.

Претходно во мај истата година четиригодишно момченце од градот Вичита во државата Канзас, со огнено оружје го застрелало неговото 19-месечно братче. Несреќата се случила кога двете момчиња и едно тригодишно девојче си играле сами во соба, додека во друга просторија во куќата биле нивните татко и чичко. Четиригодишното момче отворило фиока во која се наоѓале пиштоли. Иако не го подигнало оружјето од фиоката, момчето го повлекло чкрапалото и го погодило во гради 19-месечното братче кое стоело во негова близина.

Претходно во април тригодишно девојче од пушка го застрелало своето една година помало братче во американското гратче Колеџ Ворд, во сојузната држава Јута. Според полицискиот извештај девојченцето ја нашла пушката на таткото во домот и ја вперила кон братчето. Куршумот го погодило детето во стомакот, кое веднаш било пренесено во болница, но за жал, лекарите не успеале да го спасат.

Медиумите, исто така, потсетуваат и на несреќата од пред година ипол што се случи во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, кога двегодишно момченце случајно ја застрела својата 11-годишна сестра, од пиштол што го пронашло во спалната соба на родителите.

Се споменува и случајот вод градот Савана, во државата Џорџија, кога момченце чија возраст медиумите не успеаја да ја идентификуваат, исто така, случајно ја застрелало својата десетгодишна сестра. Според полициската истрага, девојката побарала од нејзиниот брат да го поддржи оружјето. Момченцето земало да проверува дали пиштолот е полн, и одненадеж истрелал од него. Куршумот ја погодил сестрата во градите и таа починала пред да пристигне брзата помош. За време на несреќата родителите не биле во домот.

Еден од инцидентите со оружје во кои се инволвирани деца во САД е оној во кој од детенце настрада од огнено оружје за кој потсетуваат медиумите се одиграл во септември 2013 година, во националниот парк Јелоустон, кога загина тригодишно девојченце. Тоа било оставено во шаторот без надзор од родителите кои во природниот резерват дошле на одмор, и почнало да чепка по работите во ранецот на татко си од каде го извадила пиштолот и го притиснала чкрапалото. Девојчето починало од здобиените повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1