Тригодишно дете и жена каснати од кучиња скитници во Скопје


Уште две лица се искасани деновиве од кучиња скитници во Скопје.

Како што информира МВР,  тригодишно дете било каснато за левата нога од куче скитник на улицата „Маџари“ во Скопје. На детето му била укажана лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Случајот во Полициската станица Гази Баба синоќа го пријавил таткото на детето, Љ.А. (41) од Скопје.

Во вториот случај, на булеварот „Трета македонска бригада“, А.П. (38) од Скопје била касната од куче скитник.

Случајот бил пријавен  во Единицата за информации и команда Скопје од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Жената има сериозни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1