Тригодишно дете починало на жештината во комби возило


Американската полиција соопшти дека едно тригодишно дете е најдено мртво на подот од паркирано комби, откако останало затворено во возилото , што се користело за превезување мали деца.

Инцидентот се случил во Орландо, во сојузната држава Флорида, каде овие денови температурата се движи околу 38 степени Целзиусови.

Детето било откриено случајно, при рутинска контрола на возилата на паркинг просторот на локалниот центар за дневен престој на мали деца.

Полицијата отвори истрага и како се верува, ќе го уапси возачот на комби возилото, чиј идентитет, засега, не се открива.

Претпоставка е дека детето починало од исцрпеност, оставено без вода и храна на високата температура која во комбито била уште повисока.

-Станува збор за вистинска трагедија. Испитуваме како се случило, возачот кој ги разнесувал децата , по неколкуте центри во градот, кога се вратил на првичната локација, да не забележи дека едно од децата останало во возилото, изјави за локалните медиуми претставник на полицијата во Орландо.

Полицијата верува дека детето било „заробено“ во жешкото возило од 9 часот наутро, до 18,30 попладнето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1