Трикови против ненаспаност


Ако во текот на само една ноќ се лишите себе си 90 минути сон, ќе ја намалите дневната будност за 32 отсто што ќе го ослабе помнењето и способноста за размислување на работа, но и зад воланот.

несоница

А ако од ноќ во ноќ губите час сон, ќе почувствувате бранови на екстремен замор, промена на расположението, пад на концетрацијата, чешање и пецкање на очите, па дури и глад, бидејќи телото на сите можни начини се обидува да се снабди со енергија. Ако страдате од несоница, проблемот нема да го решите со порано одење во кревет.

Во кревет одете еден час подоцна, кога сте позаморни. Ако ниту тогаш не можете да заспиете, станете и на пример читајте. Во борбата против несоницата помагаат и половина час вежбање на ден, како и топла купка.

Во текот на денот дремнете, но покусо од 20 минути, Ако спиете подолго, настапува најдлабока фаза на сон, па по будењето ќе се чувствувате малаксано и дезориентирано. Кусо дремнете во удобна фотелја или на кауч, најдобро е да дремнете меѓу 13 и 16 часот, кога внатрешниот часовник поттикнува на спиење.

Поради генетскиот материјал, еден отсто од луѓето функционираат добро и со до 25 отсто помалку од сон од просечните седум, осум часа, тврдат истражувачите. Спаѓате во групата „куси спијачи“ ако се будите без будилник, и тоа секој ден во исто време, дури и викендите.

mia.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1