Трикови со кои косата изгледа двојно погуста


Густата коса, со која може да се пофалат некои од актерките како Џенифер Лопез, Ева Лонгорија и Кејт Бекинсал е сон на секоја жена. И покрај тоа што на таквиот ефект е невозможно трајно да влијаеме, постојат мали фризерски тајни кои можат косата визуелно да ја направат погуста и побогата. Ова се трикови кои уште денес можете сами да ги испробате.

beautiful_hair_style01_2Сенка за темето
Фризурата на патец е непријател на ретката коса, бидејќи темето кое е значително посветло од косата доаѓа до израз. Одберете сенки кои се за нијанса до две потемни од вашата боја на косата. Исчешлајте ја косата на патец, па со четкичка нанесете сенка на темето. Сенката ќе ја изнијансира кожата на темето и ќе создаде ефект на погуста коса.

Дупло коњско опавче
Со помош на овој трик не само што вашето опавче ќе изгледа погусто и пополно, туку ќе го продолжите и за 10 сантиметри.

Разбушавена коса настрана
Наместо класичната плетенка или плетенката во вид на рибина коска, која ја носевме како девојчиња, испробајте ја и лежерната варијанта настрана.

Прамени
Едноличната боја на коса губи на волумен. Иако изедначените тонови на косата изгледаат многу елегантно на оние жени со густа коса, доколку таа е ретка, прамените се ваш најдобар сојузник.

Пена наместо гел и крема за коса
Пената за коса е вашиот сојузник и во постигнувањето на максималниот волумен, а со тоа и ефектот на погуста коса. Нанесете пена на влажна коса во подрачјето на темето, па со рацете втријте ја во целата коса. Потоа, косата префрлете ја преку глава и просушете ја со фен за коса наместена на најниска температура.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1