Трикови за чистење по дома – раат за домаѓинките


Рерната чистете ја додека спиете

cistenje4Во чинија ставете половина чаша амонијак. Ставете ја во ладна рерна и оставете преку ноќ. Наутро само избришете ја нечистотијата од рерната и ќе светне.

Чистење на скарата

Излупете кромид, половина набодете на вилушка и минувајте низ решетките на скарата – ова може да го правите и додека е решетката врела.  

Остатоци од сирење или кашкавал по ренде

Користете суров компир. само изрендајте неколку парчиња а потоа исплакнете го рендето.

Загорени тенџериња и тави

Покријте го садот со вода. Истурете внатре и чаша бел оцет, потоа ставете го на шпоретот и почекајте течноста да зоврие. Додадете 2 лажици сода бикарбона, потоа лесно се мие и вади загореното.  

Бели флеки на чашите

Натопете салфетка со оцет и пребришете ја чашата. оставете малку да постои минута две – па измијте ја

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1