Тројца новинари кои известуваат од Белата куќа инфицирани со коронавирус


Тројца новинари кои известуваат од Белата куќа се позитивни на коронавирус, како и едно службено лице кое работи со новинарите, јави Вашингтон пост.

Од тројцата кои во петокот вечерта добиле позитивен тест, еден е новинар на весникот Њујорк тајмс.

Асоцијацијата на известувачи од Белата куќа во соопштение ги повика своите членови да не ја користат собата за брифинзи на Белата куќа и неколкуте работни простории зад неа во западното крило, освен во итни случаи.

Асоцијацијата препорачува новинарите кои не се дел од прес пулот, редовна група известувачи кои се менуваат во собата за брифинзи и известуваат за претседателот, и потоа ги споделуваат извештаите со други новинари, воопшто да не доаѓаат во Белата куќа.

Се вели дека новите инфекции се случија по настаните околу кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и формалното номинирање на Ејми Кони Барет за нова судијка на Врховниот суд.

За време на церемонијата на отворено, имало десетици гости, и ретко кој носел маски,а новинарите биле поставени на тесен простор зад публиката еден покрај друг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1