Трогателна приказна за херојството на една мајка


Викторија Харис и нејзиниот сопруг Џејмс три години по ред, токму на Божиќ, доживувале голема трагедија – Викторија поради компликации во бременоста, изгубила три бебиња токму на овој ден.

majkabebeВикторија и Џејмс со душа чекале да станат родители – но работите не течеле како што планирале.

Кога за првпат дознала дека е бремена, Викторија не можела да ја сокрие радоста и едвај чекала да го види своето толку посакувано бебе.

За жал, оваа радост траела кратко и точно на Божиќ во 2007 година, доживеала спонтан абортус. За трагедијата да биде уште поголема, следната година се случило истото – спонтан абортус на Божиќ.

Најшокантната работа низ која поминала оваа двојка, била кога во 2009 година Викторија точно на Божиќ во деветти месец од бременоста родила мртвородено бебе.

1majkabebeБебето кое го крстиле Хариет, го закопале во мал гроб кој и денес го посетуваат.

Но оваа година, и покрај ужасните трагедии кои ги доживеале, тие имаат за што да слават.

Со нив денес е нивниот син Џек, кој по толку години и толку тешка борба конечно е со нив.

Интересно е што Џек е роден на само неколку дена пред Божиќ, што на целата оваа трагична приказна и носи барем малку радост.

Викторија вели дека се решила да ја раскаже својата приказна за да ги инспирира оние кои се борат со вакви проблеми, за да им докаже дека чудата сепак постојат.

Курир

2majkabebe

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1