Данијела сега не може ништо сама, очите и се отворени, но не зборува и никого не препознава, иако некогаш има различни реакции, заплакува или , пак, се смее. На моменти можела и да оди со помош на терапевт, но сега нејзината состојба стагнира. Нејзината ќеркичка сега веќе е голема, и не разбира зошто мајка и не сака да ја прегрне.
Даниела Ковачевиќ (20) пред три години на свет ја донела ќеркичката Марија која никогаш не ја запознала. Поради компликации по породувањето, Даниела паднала во таканаречена „будна кома“. Има шанси да се разбуди и живее нормален живот, но за тоа се потребни 120.000 евра. Нејзиното семесјтво секој месец веќе 3 години плаќа високи сметки во болницата и нема пари да ја испрати на операција во странство.
Проблемите започнале уште на почетокот, иако Даниела била примена во болницата Бетанија во Нови Сад подготвена за породување, отворена 10 прсти лекарите операцијата ја извеле дури два часа по приемот. Тој 14 октомври 2009 година се родила Марија, а Даниела следното утро се пожалила дека не и е добро.
-Ни рекоа дека тоа е нормално и дека мојата ќерка е размазена. Меѓутоа, температурата не и се намалуваше, а почна и да не ја чуствува левата страна од телото. Доби и сепса по царскиот рез и реоперирана е 9 дена по породувањето, лекарите и отстранија дел од матката. Четири дена подоцна, додека се уште беше во шок соба, и застана срцето, кое повторно почна да работи по полчасовна реанимација. Тогаш и беше отстранета целата матка која била причина за сепсата. Потоа падна во кома, а кратко потоа се разбуди но во состојба на во таканаречена „будна кома“ – раскажала мајката на Данијела, Весна Драшковиќ.
Данијела сега не може ништо сама, очите и се отворени, но не зборува и никого не препознава, иако некогаш има различни реакции, заплакува или , пак, се смее. На моменти можела и да оди со помош на терапевт, но сега нејзината состојба стагнира. Нејзината ќеркичка сега веќе е голема, и не разбира зошто мајка и не сака да ја прегрне.
– За нејзината состојба ги обвинувам лекарите кои недоволно се грижеа за неа. Секој ден се надевам дека ќе се разбуди, и ќе можам да престанувам да се борам. Нејзиното девојче расте без неа, почна да смислува изговори зошто мајка и не сака да ја прегрне – вели Весна Драшковиќ.
Родителите на Данијела медицинската документација ја испратиле во клиника близу Штудгарт, Германија. Нивните лекари сметаат дека Даниела има шанси да се врати дома потполно свесна и да воспостави комуникација со околината. Но сумата која е потребна за транспорт, лекови и продолжување на терапијата е 120.000 евра, што семејството не може да си го дозволи.
Тие месечно плаќаат по 100.000 динари во болницата каде е сега згрижена Даниела. Им благодарам многу на добрите луѓе и на лекарите кои имаат разбирање. Често доцниме со ратите но навистина не разбираат, а најмногу им благодарам што навистина се грижат за мојата ќерка. Јас само се надевам дека ќе се најдат добри луѓе – Даниела се избори и преживеа, но сега и треба помош да живее – вели нејзината мајка.