Трогателно: На балон му испратила порака на починатиот татко и добила одговор


За роденденот на својот починат татко, 16-годишната Ешли Марачино му напишала писмо на балон кој го пуштила слободно да лебди. Немала поим каде ќе појде балонот.

Само еден ден после тоа, Лиса Свисли, сопственичка на ресторан, налетала на балонот и ја прочитала неговата трогателна порака.baloon letter to dad

„Дојдов во својот ресторан кога една муштерија ми го даде балонот кој слетал во градината“, раскажува Лиса од Калифорнија – „Забележав дека на сребрениот балон во облик на ѕвезда има некои букви“.

Младата Ешли, која исто така живее во Калифорнија, напишала трогателна порака која патувала 436 милји до Обурн каде што се наоѓал ресторанот на Лиса.

„Многу ми недостасуваш. Те сакам, ужасно ми недостасуваш!“, пишувало на балонот. Понатака, Ешли му пишувала на татко ѝ што има ново во нејзиниот живот и барала да ѝ испрати некој знак.

Тоа бил моментот кога реагирала Лиса, па откако го прочитала писмото, ја побарала Ешли на Фејсбук.

„Мислев дека би било убаво да ѝ испратам нешто и да ѝ пружам поддршка“, рекла Лиса за ABC – „Организирав акција на Фејсбук, па луѓето почнаа да ѝ испраќаат помош, писма во кои ги опишуваа своите искуства со губитокот на родители. И понатаму ми е неверојатно сето тоа! Фактот дека балонот слета пред мене и тоа дека јас одлучив да направам нешто“.

Откако нивната приказна стана позната, Лиса и Ешли се дружат преку Скајп затоа што живеат во различни градови.

„Мислам дека таа е една преслатка девојка. Се прашував дали сака да ѝ го вратам балонот, но бидејќи инспирираше многу луѓе, таа се сложи дека е најдобро да остане во ресторанот. Навистина е една прекрасна млада дама“, заклучува хуманата Лиса.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1