Тројца генијалци се пријавиле за работа кај министерот Тодоров


Уште двајца граѓани со коефициент на интелигенција над 140 аплицирале на огласот. Според министерството вчера пристигнале уште две апликации. Едната е од Македонец којшто живее и работи во САД.

,, Tој аплицираше и неговиот коефициент на интелигенција е 168. Исто така, имаме и втора апликација на Македонка која живее во Македонија, со коефициент на интелигенција од 170. Далеку е од смешно, ова е доказ дека Македонија има висок интелектуален потенцијал што треба да се искористи, изјави денеска министерот Тодоров.

Инаку вчера откако некои медиуми објавија дека еден од кандидатите е Проф. д-р Октај Ахмед. Тој вознемирен од звонењето на телефонот одлучи на својот сајт да објави демант.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1