Бугарите најдоа златни змиски глави и цела ризница со злато од 4 век


Бугарски aрхеолози открија 2.400 години стара златна ризница на северот на Бугарија на 400 километри од Софија, кај селото Свештани.

Најдени се златни артефакти, белегзии со змиски глави, тиара со животински мотиви и предмет со глава на коњ, опрема за јавање, златен прстен, 44 женски фигури, како и 100 златни копчиња, кои датираат од крајот на четвртиот или почетокот на третиот век п.н.е.

Диана Гергорова, шеф на археолошкиот тим тврди дека пронајдоците се од времето на тракијците кои живееле на територијата на денешната Бугарија, Грција, Македонија и Турција. И на овој реон се задржале од 4 до 7 век п.н.е кога биле асимилирани од словенските племиња.

Еден од гробовите, познат како гробот на Свештари е вклучен во листата на агенцијата за светско наследство на ОН за образование и култура, УНЕСКО, за својот уникатен архитектонски декор со полу-човек, женски фигури и сликани мурали.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1