Откриен нов вид на диносаурус – го именувале според господарот на прстените (Фото)


Палеонтолози пронајдоа остатоци од нов вид на диносаурус во Мароко, објави списанието „Cretaceus Research“.


Овој диносаурис бил со големина на Т-Рекс, а негово природно живеалиште била африканската територија.
На черепот на диносаурусот научниците забележале исклучително голема очна шуплина, што пресудило во давањето име на овој вид.

По примерот на ликот на Саурон од познатата трилогија „Господар на прстените“, каде тој се прикажува како големо око на врвот на кулата, диносаурусот со големи очи го добил името „саурониопс“.

Според тврдењата на научниците, саурониопсот имал широк и тврд череп и многу остри заби. На главата, исто така, имал израсток сличен на џумка, се наведува во списанието

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1