Како што јави италијанскиот весник „Il Gazzetino“ на своето интернет издание, несреќата се случила во вторникот околу 21 часот на патниот правец Басано – Муселите кај месноста Романао Де Зелито.
Според весникот, во директен судир на два автомобила со италијански регистарски таблички загинаа македонските државјани Амир Мерчевски (19) од Жупа, Хамлет Етовмовски (21) од Отишани и уште едно младо момче од регионот на Дебар, чиј идентитет не е соопштен.
Исто така, тешко се повредени уште две други лица, од кои едниот е македонски државјанин, додека другиот италијански државјанин.
Макфакс од извори на клубови на печалбари во Италија дознава дека третото младо лице кое загинало е од селото Косоврасти.
Загинатите во сообраќајната трагедија се деца на наши печалбари кои работаат во Италија подолг период.
Makfax