Тројца тинејџери, две девојки и едно момче, се пријавени за исчезнати во три различни градови во Македонија.
Во Тетово татко пријавил дека неговата 16-годишна ќерка излегла од дома и се оддалечина во непознат правец.
Во Куманово, пак, родител пријавил дека исчезнал неговиот 16-годишен син.
Третиот случај е регистриран во Струмица, каде исто така татко пријавил дека неговата ќерка на возраст од 15 години од домот се оддалечила во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетниците.