Тројца мажи во Kавадарци изгубиле прсти додека мелеле пиперки за ајвар со помош на електрична бормашина, објави „Дневник“.
Немилите настани се случиле изминативе неколку дена, а вчера сите тројца биле оперирани во ист ден. Информацијата ја потврди началникот на хируршкото одделение при Општата болница во Kавадарци, д-р Дано Kулев.
,,Kако што самите објаснија, на сите нив им бил потфатен по еден прст додека дотурале пиперки во машинките за мелење. Притоа им биле откинати врвовите од прстите – изјави Kулев за „Дневник“.