Вчера, петнаест минути по полноќ во полицијата во Куманово телефонски е пријавено дека во Кафе барот „Кјуб“ настанала тепачка помеѓу повеќе лица.
Полицијата излегла е на местото на настанот, а при обид да бидат легитимирани учесниците во тепачката, С.А.(24), М.А.(20) и М.Ј.(23), сите од Куманово физички нападнале тројца од полицајците, кинејќи им ја и униформата, а на еден од нив му нанеле и телесни повреди.
Лицата се приведени во ПС Куманово, а по документирање на случајот против истите е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.