Тропалка од 40.000 евра : Листата на подароци кои ги добила принцезата Шарлот


Кејт Мидлтон и принцот Вилијам колку и да не сакаат да се крева врева околу нивната ќерка принцезата Шарлот, тоа е невозможно.

Малата принцеза денес го прославува својот прв роденден, а објавен е списокот на подароци кои таа ги добила.

Кралската палата ја објавила официјалната листа на пдоароци во изминатите 12 месеци, а најмногу се истакнуваат златната тропалка која се проценува на 40.000 евра.šarlot2_1000x0

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието иу неговата сопруга Сенора Анхелика Ривера и подариле сребрена тропалка за време на нивната минатогодишна посета на Велика Британија.

Подарокот кој привлекува најголемо внимание е тропалката од 18 каратно злато со дијаманти, рубини и сафири која ја добил принцот Чарлс за својата внука.

Кинескиот претседател, Кси Ѓинпинг, во октомври ја дарувал со сет свилени фигури кои прикажуваат еден од најпознатите кинески романи од 19.век „Сон во црвениот павилјон“.

Барак и Мишел Обама за време на својата минатонеделна посета и подариле сложувалка и омилена играчка куче, која всушност го претставува кучето Боа кое го има првото семејство во САД. Семејството Обама порано и подарило лулашка на малата принцеза.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и подарил копија од бајките на Ханс Кристијан Андерсен.

Премиерот на Нов Зеланд, Џон Кеј, преку принцот Хари и испратил мечиња и чизмички. Израелскиот претседател пак и дарил розево фустанче на кое пишува „Од Израел со љубов“. Австралиската влада и подарила ќебе на кое е извесен австралиски цветен амблем.

Родителите на кралот и кралицата на Бутан овој месец ја посетиле Британија па во таа прилика и дарувале капути и на принцезата Шарлот и на принцот Џорџ кои им ги испратило кралското семејство. Веројатно најпрактичниот подарок принцезата Шарлот го добила од својата тетка , Пипа Мидлтон, која и пратила биоразградливи пелени.

За една година откако е родена принцезата добила подароци и писма од 64 држави, од Ерменија до Замбија, а добила дарови од училишта до разни групи па се до државници.

Портпаролот покрај листата напишал дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се многу благодарни за сите подароци и писма кои ги примиле од раѓањето на принцезата Шарлот, пишува британски „Телеграф“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1