Благодарение на нив изгледате повисоки, затегнато и гламрозно, но високите потпетици може сериозно да му наштетат на вашето здравје.
Инфографиката која ја објави Washington Post до детали ги илустрира негативните ефекти кои модерните обувки ги остава на женското тело.Дијаграмот покажува дека носењето на високите потпетици го зголемуваат притисокот на внатрешната страна на коленото, а една студија открила дека се работи за 26% поголем притисок.
Високите потпетици и тесните чевли можат да создадат задебелено ткиво околу нервот меѓу четвртиот и петтиот прст и да доведат до вкочанетост и болки во прстите познати како Мортонова неурома.
Лекарите неодамна предупредија дека носењето на помали чевли од оние кои ви одговараат исто така може да предизвика долгорочни оштетувања вклучувајќи артритис, скршеници и компресија на нервите, поради кои многумина мораат да подлегнат на операција.
Уште еден проблем кој се јавува кај носењето високи потпетици се коскените израстоци, а дури и Викторија Бекам признала дека се бори со неви.
Коскените израстоци се јавуваат на зглобот во основата на гоемиот прст и обично настануваат поради носење на тесни обувки.
Една студија открила дека една од пет изведни операции е за коскени израстоци. Кај љубителките на високите потпетици не се изоставени и проблемите со Ахиловата тетива. Делува дека младите жени се во најголем ризик, затоа што студијата покажала дека тие често носат високи потпетици. Околу 20% од жените на возраст меѓу 18 и 24 години имаат пар чевли со потпетица висока 15 сантиметри.
Од друга страна, такви обувки имаат 10% од старосната група меѓу 25 и 34 години, а само 3% од жените на возраст меѓу 35 и 44. Поради потептиците не патат само вашите стапала и нозе, туку и цело тело.
Вртоглаво високите потпетици го нарушуваат природниот став и ја поместуваат оската на телото нанапред, поради што половината и колковите не се во нормална положба.