Трудницата која загинала во рели несреќата во саботата требало да се породи денеска


Во саботата се случи страшна несреќа за време на рели трка во Шпанија, предизвикана од возач на „Пежо“ кој во кривината изгубил контрола над автомобилот и со полна брзина се влетал во група  од 20-на гледачи.

Во несреќата загинале четири жени, двајца мажи и едно 8-годишно дете. Две од жените биле трудни, меѓу кои и Ана Кајако.trrudnica1

Партнерот на Ана, инаку голем љубител на трки, ја наговорил да одат заедно и до го гледаат релито. И двајцата ги загубија животите во несреќата.

Ана била во 9-от месец од бременоста, а како термин за породување го имала понеделник.

Сите настрадани во несреќата наводно биле предупредени за опасноста и замолени да се тргнат од работ на незаштитената кривина, неколку минути пред да се случи трагедијата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1