Што е дом? – „MOVE WITH (OUT) – Јас сум…СКОПЈЕ“ – во Старата СКОПСКА чаршија


По Берлин, Лондон, Рим, Венеција, Белград, Сингапур и Будимпешта, на 10 септември (четврток), номадскиот проект на Something Human „MOVE WITH (OUT)“ го посетува Скопје во соработка со уметницата Марија Милошевска, здружението за уметност „Доминиум“, со поддршка на Градот Скопје и на европската културна фондација „STEP Beyond“.

„МОVE WITH (OUT)“ е патувачки проект што ги истражува идеите за тоа што е дом. Земајќи го предвид сè понестабилниот глобален економски пејзаж, изложбата и уметничката интервенција во живо, која е приспособена на локацијата, ги истражуваат амбивалентните односи помеѓу внатрешноста и надворешноста кога станува збор за прашањата на идентитетот, границата и миграциите, припаѓањето и копнежот и на тензиите од навигацијата меѓу различните сфери.

img_9751c

Уметници кои учествувале во проектот: Nicola Anthony, Zsuzsa Bakonyi, Caroline Christie and Bobby Lloyd, Sarah Choo Jing, John Clang, Mauro De Giorgi, Adolfina De Stefani, Nina Feldman, Valerie Grove, Amanda Gutierrez, Howard Hardiman, Gloria Houng, The Huddle, Lynn Lu, Jakrawal Nilthamrong, Bill Psarras, Ana Rodić, Carlo Michele Schirinzi, ShakinArt, Samin Son, Malvina Tan, Ines Von Bonhorst, Jason Wee. Во соработка со уметницата Марија Милошевска, која работи со филигран.

„MOVE WITH (OUT) – Јас сум…СКОПЈЕ“ е перформанс во два дела, кој се протега од постарата граница и крстосница на градот, северната страна на Камениот мост, пред да почне да се движи јужно, за да ја премине Старата чаршија и да стигне до галеријата Чифте амам. Овој перформанс ги истражува врските помеѓу поединечните и колективните спомени за градот преку практиката на уметникот, за да се истражат комплексните врски помеѓу личните приказни и историјата.

Поддржано од: Град Скопје Европска културна фондација- STEP Beyond Grants ORO workshop La Kaña Bar Радио Канал 103 KУЛА

MOVE WITH (OUT) # 8 – Јас сум… Скопје, 10 септември 2015 10 септември 2015,

Четврток 12:00 – 13:00 – Гостување во радио Канал 103 17:30 – 19:15 – Јавен перформанс,

Бит пазар – стара чаршија 22:00 – 23:00 – Главен перформанс, плато пред Чифте амам 11 септември 2015,

Петок 18:00 – 20:00 – ‘MOVE W I T H (OUT) – ЈАС СУМ…СКОПЈЕ’ дебата со уметницата и кураторите во КУЛА

Повеќе информации на : http://something-human.org/…/…/move-w-i-t-h-out-8-im-skopje/  

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1