Трудно дрво во Скопје ги лечи неплодните жени – манастир Св Богородица


На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот “Света Богородица”. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни. Можеби во ерата на модерна технологија за многумина оваа приказна би била неверојатна, но за домарот на црквата, дедо Милош, и за локалните жители оваа дрво им донело само среќа во домот на оние што го посетиле.banjani-500

До таму се стигнува поминувајќи низ селата Бањани и Горњани, а потоа се продолжува кон рудникот Бањани”. Уште стотина метри погоре, ќе дојдете до знакот на кој пишува дека до манастирот има уште триста метри. Можеби возејќи натаму ќе заталкате во некоја од тесните улички, но секогаш можете да застанете и да прашате некој од љубезните мештани да ви каже како се стигнува до манастирот, или пак, прашајте за дедо Милош, кој живее долги години таму и веднаш ќе ви објаснат како да стигнете. Ќе се изненадите кога жителите уште пред да прашате за местото, ќе ви кажат се за дрвото.

\
Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница. На дедо Милош и на неговите пријатели не им се верувало во тоа што го гледаат, а дедо Милош вели дека никогаш порано не го забележал тоа дрво, ниту пак неговиот израсток.
– Јас се грижам за манастирот 60 години, но никогаш не сум го забележал дрвото со стомакот, божја волја е тоа, вели дедо Милош

Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1