Цар: Сам го сменил договорот од банка – не виделе и потпишале – сега им бара оштета и ќе ја добие


Маж во Русија ја тужел Тинкоф Кредит Системс, водечка онлајн банка во таа зејма, од која бара да му исплати 24 милиони рубљи затоа што го прекршила  договорот кој го потпишале. Имено во 2008 година Димитриј Агарков од банката по пат на електронска пошта примил пријава за кредитна картичка. Го пополнил договорот, но самиот во него ги сменил условите напишани со ситни букви пред да го испрати назад во банката.

Hand giving Euro banknotes moneyНапишал дека нема да плаќа надокнада на банката за користење на картичката. Исто така навел дека банката нема право да ги смени условите во договорот и дека ако тоа го направат ќе мора да платат казна од три милиони евра. Додал и дека ако банката еднострано одлучи да го раскине договорот, тој има право на отштета од шест милиони рубљи.

Вработените во банката не забележале дека тој ги сменил малите букви, и го потпишале договорот и му го испратиле назад заедно со кредитна картичка.

По две години користење на картичката без надокнада, тој добил тужба од банката од каде барале да плати пенали во вредност од 45 илјади рубљи, но минатата година судот одлучил дека договорот кој го потпишала банката е важечки.

Потоа, Агарков поднел против тужба со барање банката да му исплати 24 милиони рубљи затоа што го сменила договорот и затоа што еднострано го прекинала договорот.

Со оглед на тоа дека договорот бил прогласен за валиден, тој најверојатно ќе добие на суд.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1