Цар Самоил бил висок 2 метри, имал црвенкаста брада и секогаш јавал на бел коњ


Според цртежи и слики од 11-ти и 12-ти век, Цар Самоил бил висок околу два метри, имал црвенкаста брада и секогаш јавал на бел коњ

017CarSamoilСпоред цртежи стари девет века, точно се знае како изгледал Самоил, како неговиот син Гаврило Радомир, неговите ќерки Мирослава и Косара, неговата сопруга Агата, но и неговиот внук од брат Јован Владислав и неговата сопруга Марија. Сите овие лица, членови на семејството на Цар Самоил, се идентификувани во минијатурите од таканаречениот Мадридски ракопис од крајот на 11-ти и почетокот на 12-от век, значи непосредно по смртта на цар Самуил, додека уште биле живи директните потомци на македонскиот цар.

Според идентификацијата што ја изврши проф. д-р Милан Бошкоски од Интитутот за национална историја во Скопје, Цар Самоил на минијатурата од свадата на неговата ќерка Мирослава е на возраст од околу 50 години, а овој негов лик на минијатура, заедно со уште два црртежа, се единствените автентични ликови на македонскиот цар! Оттука, според д-р Бошкоски, сè што до сега е објавено како негов портрет, е само слободна уметничка визија и интерпретација за тоа како би можел да изгледа Цар Самоил.

„Истражувајќи го времето на Цар Самоил имав многу податоци за разни настани што се случувале во негово време, но особено интересни беа записите на Јован Скилица во Мадритскиот ракопис, каде тој опишува повеќе конкретни историски сцени од тоа време. Една од нив е сцената во која Гаврило Радомир, синот на Цар Самоил, го спасува во последен миг својот татко по битката на Беласица, носејќи го во Прилеп.

car samoilТокму една таква сцена е насликана во една од минијатурите во Мадритскиот ракопис, а јас првпат успеав да ги идентифукувам личностите. На таа минијатура јасно се разликуваат две групи на воини: во првата група се коњаници во напад, а во втората група се коњаници кои отстапуваат пред неа, односно се повлекуваат од бојното поле.

Во групата што се повлекува е Цар Самоил со придружбата. Може добро да се забележи дека во левата рака држи штит, а во десната копје. Според изворот стои дека од сигурна смрт го спасил синот, па лесно може да се идентификува дека личноста до него е Гаврило Радомир, кој носи панцир, а третиот човек е најверојатно Јован Владислав, внук на Самоил, син на неговиот брат Арон. Гонителите ги предводи визанстискиот цар Василиј Втори. За таа минијатура во литерататурата се знаеше само дека е мотив од битката на Беласица.“

Mia

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1