Споменикот на Цар Самоил ќе биде преместен затоа што го попречува поплочувањето кое се врши на плоштад Македонија околу споменикот Воин на коњ. Од своето моментално лежиште споменикот ќе се постави за неколку чекори поназад, односно на самиот влез во кафеаната „Пелистер“.
На новата локација деновиве се работи на нов постамен, односно бетонски блок со еднаква големина.
Градоначалникот, Коце Трајановски, одговори дека споменикот се преместува поради проектот за реконструкција на плоштадот и треба да заврши до средината на јуни.