Царовска: Кривично дело е од работниците да се бара да вратат дел од минималната плата


Газдите кои ги тераат работниците да им враќаат дел од минималната плата прават кривично дело. Тоа е кражба на работниците и тие треба да се охрабрат да ги пријават ваквите случаи за работодавачите да бидат казнети и оваа пракса да прекине, порача денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа кажа дека сите работници кои имаат доказ и се подготвени да сведочат треба да се обратат до МТСП или лично кај неа и потоа случајот да се пријави во Државниот инспекторат за труд. Инаку, рече Царовска, имаме случаи кога инспекторите одат на терен и констатираат состојба на чиста документација.

– Имаме доста алармантни ситуации каде што работата на хартија е чиста, но во пракса е погрешна. И токму затоа тие и да алармираат до граѓански организации, и да алармираат до Државен инспекторат за труд се додека не се спремни да дадат изјава и да сведочат со минимум уште еден вработен од истата фирма ние многу тешко ќе го поправиме системот, рече министерката Царовска.

Ако работникот ја враќа платата на работодавачот и не е подготвен да сведочи, вели министерката, таа нема можност да му помогне.

– Јас свесно јавно кажувам дека ќе ги заштитам во процесот на донесување одлука затоа што одговорноста е кривична. Тоа е кражба од работникот. Ние даваме субвенции за да може работникот да ја добие минималната плата, а не да се полни џебот на работодавачот -рече министерката Царовска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за презентација на буџетот на МТСП за 2018 година.

Во буџетот за 2018 годинина за минимална плата се обезбедени 461 милион и 250 илјади денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1