Царовска: Термините мајка и татко нема да се заменат со родител 1 и родител 2


Во Македонија засега нема воведување на категориите родител 1 и родител 2, наместо како досега постоечките мајка и татко. По најавата за донесување на новиот Закон за заштита од дискриминација, од власта ги смируваат реакциите кои се појавија во јавноста, велејќи дека станува збор за лажна вест.

Со жена ми се скаравме кој да биде родител број 1, Не си го продавај Кољо чифликот, родител 1 не ме дава Кољо за тебе, се само дел од шегите инспирирани од најавите за промена на Законот.

Владините претставници децидни – термините мајка и татко нема да се заменат со родител 1 и родител 2

Клучна новина во Законот е што за прв пат сексуалната ориентација и родовиот идентитет ќе бидат основа за воочување на дискриминација, што понатаму ги отвора прашањата дали тоа ќе води кон легализирање на истополови бракови и конечно – измена во Законот за семејство.

Одредбата за “бракот дека е заедница меѓу маж и жена” е уредена во Законот за семејство и таму нема промени за ова прашање. Во Република Северна Македонија бракот, како и вонбрачната заедница, се заедници меѓу еден маж и една жена, и родителите се именуваат како татко и мајка, велат од ресорното министерство.

Потребен е општ консензус за донесување на законот, реагираат од Комисијата за заштита од дискриминација. Посочуваат дека оствариле три средби со министерката Царовска, но сите нивни сугестии биле отфрлени.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со резерва гледа на новиот Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањто на новиот термин „родов идентитет“ ? Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики, соопштуваат од партијата.

Против измените се и некои од граѓанските организации, Повикуваат пратениците да не дозволат измени во Законот, бидејќи со предложените измени се врши напад врз институцијата брак и разнебитување на семејството.

Новиот Закон за спречување од дискриминација повеќе од осум месеци чека да влезе во собраниска процедура, а според последните најави ќе биде изгласан во Собранието до средината на март.

Инспирацијата за „родител 1“ и „родител 2“ доаѓа од неодамнешни законски измени во Франција, каде што во родителите нема да бидат заведени како „мајка“ и „татко“, туку со родово неутралните термини.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1