Цел ден ќе истура дожд


Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите од дожд поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови каде на места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог.

На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти до 1000 метри надморска височина.57201322559_dozd 1[1] bitola

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до седум и дневна до 10 степени.

Врнежи ќе има и утре, но тие ќе бидат со послаб интензитет.

Од вторник утрата ќе бидат посвежи со минимални температури околу нулата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1