Скоро еден месец семејството, пријателите, планинари, полицијата и армијата, трагаат по 47 годишниот Ацо Јонавски од с. Саса, М. Каменица. Последен пат Јовановски пред да исчезне е виден на врвот Руен на Осоговските планини, на 16-ти јули, на меѓуграничната средба на планинарите од Македонија и Бугарија. По Јовановски трагаше и бугарската војска и полиција од другата страна на границата со хеликоптери, дронови и кучиња трагачи. Неговиот брат вели дека секоја педа земја во Пијанец и Малешевијата е пребарана, но од Ацо ни трага, ни глас.
-Ве замолуваме, сите граѓани на Р. Македонија, кој го видел или слушнал нешто за него, да пријави во полициска станица или на 072/572-672-изјави Трајан Јованоски, брат на исчезнатиот Ацо
Ацо е лице со хендикеп, со карактеристично држење на телото, потешкотии во движењето и неразбирлив говор. Облечен е во црни летни кондури, фармерки во темно сина боја, сина блуза со бели пруги и јакна во темна сиво-кафеава боја.