Канаѓанецот Пјер Пол Томас е роден слеп. Во доста необичен склоп на околности овој човек за прв пат прогледал на 66 години.
Тој во моментов има 68 години и прв пат во животот ги гледа луѓето и нештата околу себе кристално чисто и во боја. Томас бил роден со три различни болести кои што му го попречувале нормалниот вид.
Лекарите не можеле да му помогнат и тој целиот свој живот гледал само сенка и сивило. Меѓутоа пред две години, во својата куќа, паднал од скалите и се здобил со тешки повреди на главата. Ги искршил коските на лицето, вклучувајќи и оние околу очите.
Успешно бил опериран, а неколку месеци подоцна, на преглед пластичен хирург го прашал: „Кога веќе ќе ве оперираме, сакате ли и очите да ги средиме?„
Тој секако се согласил и во февруари годинава имал две операции со кои му биле елиминирани проблемите со кои се соочувал целиот свој живот. Тој успешно прогледал.