Веќе неколку дена, многу теоретичари на теориите на заговор, тврдат дека американските власти се уверени во скора ерупција на таканаречениот супервулкан под познатиот парк Јелоустоун, и дека поради тоа подготвуваат план за евакуација на комплетното население на САД
Инаку, како други локации за преселување се споменуваат Бразил, Австралија и Аргентина.
Од друга страна научниците ја уверуваат јавноста дека во овој момент ништо не укажува на можност од скора ерупција на супервулканот, кој последен пат имал голема ерупција пред 640.000 години, а како последица од неговата експлозија, е пустош на американскиот континент.
Се било прекриено со пепел, а бројните животински и растителни видови биле избришани од лицето на Земјата.
-Шанската за време на нашите животи да дочекаме ерупција е речиси безначајна, изјави Питер Кервел, помошник директор за наука и технологија при УСГС Научниот центар за вулкани во Калифорнија.