Цела година јадел луксузни јадења во ВИП ложата на аеродромот – за џабе – еве како


Кинез, благодарение на снаодливоста и сјајната идеја, без потрошен денар, цела година се хранел на аеродром. Тој секој ден влегувал во фенси барот на еден кинески ресторан, така што имал авионска карта за прва класа која никогаш не ја искористил за лет, туку исклучиво за храна и пијалаци.

aerodrom hrana2Кога ќе завршел со оброкот, тој се враќал на шалтерот и барал да ја замени својата карта за утре, или некој друг ден. Службениците му давале друга авионска карта, по што Кинезот се враќал дома, а утредента повторно доаѓал на бесплатен оброк.

Секој ден одел по истата шема, па така авионската карта ја заменил повеќе од 300 пати во една година.

Сепак, Кинезот на крајот бил фатен.

Меѓутоа, тука не е крајот на снаодливоста на овој човек. Откако работниците се посомневале во тоа што тој премногу пати го одложувал својот лет, тој едноставно ја откажал својата авионска карта и добил целосен надомест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1