Кетрин Ти (41) од Велика Британија пловела со својата јахта во близина на Индонезија во моментот кога исчезна малезискиот авион „Боинг 777“ со 239 патници и членови на екипажот.
Таа е тврди дека го видела авионот кој летал од север кон југ и дека од него излегувал чад бил и бил во пламен.
– Видов долгнавест авион како сјае портокалово, а зад себе оставаше трага од црн чад, објаснила Кетрин.
Во истиот период во нејзиниот видокруг имало уште два авиона, но овој летал на двојно помала височина. Најпрво мислела дека станува збор за метеор или дека ѝ се привидува, но неодамна ги прегледала податоците од својот ГПС уред и откако ја видела траекторијата на движењето на боингот, заклучила дека е можно да го видела авионот по кој се трага речиси три месеци.
Кетрин она што го видела го раскажала на интернет форум за јахти, а сето тоа го пренела и на италијанските медиуми. Известени биле и истражителите во Перт, Австралија од каде што се води потрагата по леталото. Оттаму ѝ ветиле дека детално ќе прегледаат сѐ што им кажала.
– Забележав нешто што личи на авион, па си реков дека мора да сум луда. Ми привлече внимание портокаловата боја, а никогаш не сум видела портокалов авион, па ме интересираше за што станува збор. Видов уште два авиона како летаат во спротивен правец и тие имаа вообичаени сигнални светла. Не ни помислив да кренам тревога, замислете каков идиот би испаднала да се јавев некому, а да немаше ништо, раскажала таа.
Кетрин одлучила да проговори јавно откако некој на форумот ѝ сугерирал дека е можеби последната личност што го видела авионот пред да исчезне.