Невремето што попладнево ја зафати Македонија, направи најсериозни штети во тетовскиот регион. Особено тешка е ситуацијата во градот Тетово, откако се излеа реката Пена.
Поплави има по улиците и во градот.
Граѓаните од тие делови на земјава сведочат за пороен дожд, поплавени улици, земјоделски површини, уништени земјоделски производи.
Поради обилни врнежи во селото Доброште во 18 часот дошло до излевање на реката, по што регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно е во прекин, соопшти АМСМ.
Поради свлечишта и камења на патот, патниот правец Тетово-Попова Шапка е во прекин.
До крајот на денот на повеќе места ќе се задржи нестабилно и облачно време, со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите можат да бидат поинтензивни и во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивни врнежи, како и појава на град.