Целосно затворен за сообраќај дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов


Поради изведување градежни активности во среда и четврток целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и тоа од вкрстосување со улица Јуриј Гагарин до вкрстосување со улица Московска.teodosij-gologanov-nova

Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8-ми Септември, Булевар Партизански одреди и улица Московска. Во насока од Тафталиџе 2 кон Центар,  ќе се движи по истата траса, но по обратна насока.

Автобусите од градските линии: 5 и 5А, во насока  од Центар кон Ѓорче Петров, ќе бидат пренасочени преку булевар 8-ми Септември, булевар Партизански Одреди, улица Московска и продолжуваат по својата траса, по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а во обратна насока ќе се движи по истата траса и при тоа ќе ги користат постоечките автобуски стојалишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1