Целото семејство убиено во куќата на тенисерот – застрелани, им заврзале огномет околу главите!


Четири лица настрадале во пожарот кој бил подметнат во луксузната куќа на пензионираниот тениски ас Џејмс Блејк. Медиумите пренесуваат дела телата на жртвите биле во ужасна состојба, со дупки од куршуми и траги од огномет на главите.

466872_porodica-kempbel_ffВилата, која вреди повеќе милиони долари изгорела додека во неа се наоѓале четири лица. Полицијата ги идентификувала телата на двајца возрасни и на двајца тинејџери.

Станува збор за брачниот пар Дарин Кембел и неговата сопруга Кимберли заедно со нивните две деца-тинејџери Колин и Меган, каде што се доселиле пред една година и живееле повлечено.

Полицијата соопштила дека лицата кои загинале во пожарот биле пронајдени со различни повреди на телото.

Според последните информации, тие имале рани од куршум во главите и пронајдени се со силен огномет заврзан околу нивните глави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1