„Целта беа христијаните“: 65 мртви во парк на Велигден – меѓу нив жени и деца (ВИДЕО)


Талибански групи “Џамаат-ул-Ахрар” ја презеде одговорноста за крвавиот напад со најмалку 65 убиени и над 280 повредениScreenshot_5

Жртвите од нападот во пакистанскиот град Лахоре растат. Атентаторот самоубиец, уби најмалку 65 лица и рани други над 280, претежно жени и деца, во јавен парк, саморазнесувајќи се во центарот на основата политичката база на премиерот Наваз Шариф во провинцијата Пенџаб, пренесува “Ројтерс”.

Експлозијата избувна на паркингот на популарен парк, на неколку чекори од игралиште со лулашки, за време на викендот за Велигден.

Во меѓувреме групата “Џамаат-ул-Ахрар”, фракција на талибанците, ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад, објавувајќи дека целта на нападот била малата христијанска заедница во муслимански Пакистан.
“Целта беа христијаните. Сакаме да испратиме порака на премиерот Наваз Шариф дека сме влегле во Лахоре. Ние можеме да го направиме она што си побараме и не можете да не запрете. Нашите самоубиствени бомбаши ќе продолжат со нападите “, изјави портпаролот на фракцијата Ехсанула Ехсан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1