20 дена пред смртта Маринко Мажгаљ бил крстен во манастирот Острог


Српскиот актер Маринко Мажгаљ (37) кој во саботата ја изгуби битката со подмолната болест, дваесет дена пред да го напушти овој свет, тој бил крстен во манастирот Острог.

Српски „Ало“ пренесува дека Маринко заедно со неговиот колега Душан Ковачевиќ отишол на манастирот Василиј Острошки во Црна Гора, каде што била одржана церемонијата. Актерот за кум го зел токму својот пријател Душан, кој со трогателна порака се простил со својот пријател.marinko(2)

– Веќе долго време не спојуваше вистинско пријателство, а пред 20 дена ме направи горд повикувајќи ме да ти бидам крстен кум. Знам дека те чуваат ангелите и дека таму, каде и секаде претходно , ќе направиш добра атмосфера. Сега и тие нека почувствуваат колку е добро да те имаат. Всушност и самиот знаеш дека еден ден мораме повторно да се сретнеме, Маки мој – порачал Душан, кој со Маринко последен пат соработувал на ситкомот „Дојч кафе“ на јавниот сервис на Црна Гора.

Мажгаљ последните неколку месеци престојувал во Подгорица, а пред еден месец дошол во Белград, каде поради влошената состојба бил примен во болница каде што и починал. Иако многумина веруваа дека актерот ќе ја добие битката со ракот на панкреасот, тоа за жал не се случи.

Веста за смртта на актерот, неговите пријатели и колеги ја примија со тага и неверување. Тие од него се простија со емотивни пораки на социјалните мрежи. Маринко од бракот со српската актерка Дубравка Мијатовиќ ја има седумгодишната ќерка Сара, а последните две години ги поминал во вонбрачна заедница со црногорската новинарка Лана Секулиќ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1