Во првиот круг на локалните ибори во Битола власта еден глас го плаќаше од 300 до 500 денари. Сега, за неделните избори кои ќе се одржат на 7 април во Битола цената на еден глас ќе чини ни помалку ни повеќе туку 200 евра
Ова го тврдеше екс пратеникот во македонскиот парламент и актуелен координатор на ВМРО Народна, Горан Невеновски на денешната прес конференција, на “ Сојузот за иднината “, на која тој упати сериозни обвинувања на адреса на локалната власт за наводни низа злоупотреби и неправилности во текот на гласањето во првиот изборен круг.
Според Невеновски во првиот изборен круг во Битола имало крадење на избирачки ливчиња, смена на избирачките списоци, бришење на гласачите од опозицијата во избирачките списоци, појава на “фантомски гласачи”, т.н. “ бугарски воз” како и масовно поткупување на гласачи
Nova Makedonija