Цената на катализатори достигнува до 900 евра


Еден катализатор за поскапите марки автомобили со Еуро 1 и 2 стандарди, може да чини од 300 до 900 евра, било половен или нов. А, доколку сакате да купите катализатор за возила од поевтините марки, ќе треба да се одвојат од 50 до 60 евра. Ова ќе бидат дополнителни трошоци за граѓаните кои имаат возила постари од седум години, ако владата ја усвои одлука за задолжително вградување на катализатори, пишува Алсат.

koli_630499377„Зависи од моделот на автомобилите. Има поевтини катализатори, околу 300 евра, а има и од 300 евра и поскапи. На пример, за Фолксваген и Ауди тие најверојатно ќе коштаат по 800 – 900 евра. Тоа е многу за еден работник или за човек како нас кој работи и живее од плата. Трошоците се големи“, рече Нихад Јусуф, продавач на автоделови.

Во тој износ не е пресметана и работната рака за монтирање на катализаторот, кој зависно од моделот на возилото, изнесува од 20 до 100 евра.

„Ретко која продавница освен нашава држи катализатори, бидејќи тоа се делови кои не се трошат многу. Тоа се заменува еднаш на 10 години. Тоа е скап дел, а и работната рака е скапа. За најевтиниот изнесува 1.000 до 1.500 денари или 25 евра, а за помодерните катализатори работната рака е од 100 евра па нагоре“, додава Јусуф.

Во Македонија вкупно има 300 илјади возила од кои во последните четири години се купени 150 илјади, откако владата дозволи да се увезуваат постари возила. Половина од возилата кои се увезоа со вчадината мерка или 80 илјади имаат Еуро 1 и 2 стандард. Овој број ќе се зголеми, особено ако се знае дека и пред дозволата за увоз на стари возила, во Македонија имаше голем број автомобили постари од 2000 година. Сега возачите на тие автомобили се во неизвесност и страв, дали владата ќе донесе одлука за задолжително поставување на катализатори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1