Цената на роамингот ќе се намали од 150 на 11 денари


Во понеделник во Будва, Црна Гора, надлежните министри за телекомуникации од петте земји во рамките на конференцијата „Инфофест“ ќе ја потпишат спогодбата со која цените на роамингот во овие држави ќе се спуштат на нивото што го имаат земјите-членки на Европската Унија. Се очекува Владите на петте земји да го усогласат законодавството со оваа спогодба до крајот на годината, а тоа во практика би значело поевтини сметки за македонските граѓани ако разговараат или сурфаат на мобилен телефон додека престојуваат на црногорските или албанските плажи или ако се во Србија или во БиХ.roaming-charges

Kолку за пример, сега минута разговор во роаминг додека сте во Албанија или во Србија ќе ве чини од 80 до 150 денари, една СМС-порака од 17 до 20 денари, а цената на мобилниот интернет се движи од 120 денари до 980 денари за еден мегабајт-податоци во зависност на кој оператор сте приклучени во странство.

Целта е цените да се усогласат со тие што се пропишани во роаминг-регулативата на Европската комисија, односно тие да изнесуваат за една минута разговор во роаминг не повеќе од 11 денари, за еден СМС не повеќе од 3,5 денари и еден мегабајт-интернет во роаминг да не биде повеќе од 12 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1