Има 20 универзитети во Македонија, односно високообразовни институции, кои нудат многу можности за стипендирање и олеснување на плаќањето за студирање. За државните универзитети секаде важат истите правила, а приватните имаат слобода кога одлучуваат колку ќе им наплатат на студентите. Единствен што не е ниту јавен ниту приватен е Универзитетот на Југоисточна Европа, кој законски се води како приватно-јавен и непрофитен, а негови сопственици се Македонија, Европската Унија и САД.
Нова Македонија