Цените на нафтата ќе паѓаат уште во 2016!


Цените на нафтата се очекува да паднат уште повеќе оваа година, како што понудата значително ја надминува побарувачката. Во исто време еден од главните извозници на црно злато Иран се враќа на пазарот, и ќе надомести какви и да било намалувања на производството од други земји. Тоа го соопшти Меѓународната агенција за енергетика во месечниот извештај за состојбата на нафтениот пазар.nafta

„Може ли (цената) да падне уште?“, Прашува МАЕ во извештајот. „Освен ако нешто не се промени, пазарот на нафта може да се удави во прекумерно производство. Значи одговорот на нашето прашање е категорично да. Може да падне уште“, се наведува во текстот.

Во оваа недела цените на црното злато достигна невидени падови во последните 12 години , а во моментов еден барел се тргува за помалку од 29 долари.

Враќањето на Иран на пазарот е една од главните причини за континуираното намалување на цените, но во голема мера се уште не е забележано целосно како фактор, предупредува МАЕ.

Според организацијата Техеран се соочува со „значителен предизвик“ да најде купувачи кои би сакале да земат уште нафта на веќе презаситениот пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1