Центар и Чаир без вода – Карпош и Кучевиште без струја


Регионалниот центар за управување со кризи на градот информира дека утре без вода ќе бидат жителите на Центар и Чаир, а пак без струја ќе останат корисниците од Карпош и Кучевиште

90718_voda-iz-cesme_fЗаради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат жителите на улицата Прашка во општина Карпош во периодот од 8:30 до 15 часот, како и жителите од Кучевиште, улицата 1 и околу црквата од 9 до 15 часот.
Без вода поради изведување на водоводен приклучок ќе бидат корисниците од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин број 12. Прекинатото водоснабдување ќе биде од 9 часот и ќе се однесува на корисниците на дел од булеварот кои живеат и работат на протегот од Стара Железничка до гирекцијата на Макпетрол, до изведувањето на приклучокот.
Поради изведување на водоводен приклучок на улицата Серава раскрсница со Коста Абрашевиќ, прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата Серава, Коста Абрашевиќ и Гинекологија Чаир, до изведувањето на приклучокот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1