Центар изгласа референдум за ГТЦ


Со 12 гласа „За“, Советот на општина Центар, одлучи да се распише референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.

За оваа одлука гласаа советниците од коалицијата на СДСМ, додека 11-те советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.gtc
За оваа иницијатива граѓаните преку петиција веќе собраа повеќе од 10 илјади потписи што значи дека ќе биде организиран референдум на кој жителите на општина Центар ќе се изјаснат дали се за постоечкиот изглед на ГТЦ или сакаат тој да се замени со барок, како и другите згради во центарот на Скопје.

Ова ќе биде прв референдум во однос на проектот Скопје 2014-та.

Како што и претходно најави Жерновски за референдумот да биде успешен, ќе мора 51 отсто од гласачите во општината да изгласаат дека се против барокната фасада за ГТЦ да остане во сегашната состојба.

Референдумот се предвидува за 26.април во период од 7 часот наутро до 19 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1