Центарот за социјална работа во Србија одлучи кому ќе му припадне старатлството над Јана, шестгодишната ќерка на убиената пејачка Јелена Марјановиќ и уапсениот Зоран Марјановиќ.
Девојчето засега ќе остане со чичкото Милош, дедото Владимир и бабата Зорица.
Зоран Марјановиќ пред да влезе во реалното шоу „Задруга“ малечкото девојче го оставил на чување кај својот брат Милош.
Социјалните работници велат дека засега најдобро за девојчето е да остане во домот заедно со чичкото, бабата и дедото.
Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ наведе дека самата загуба на мајка си било огромен стрес за Јана, а апсењето на татко ѝ е додатен стрес за малото девојче.
-Таа особено сега треба да биде опкружена со блиските од семејството. Тоа е исклучително важно за да не се чувствува напуштено и предадено од своите најблиски. Тоа никако не е добро за дете и затоа Социјалните работници сфатиле дека е најдобро Јана да остане во кругот на семејството – вели Миливојевиќ, кој рекол дека детето ќе биде одземено од семејството само доколку тоа самото не сака да остане таму.