Цензусот исполнет


Постигнат е бараниот цензус на вториот круг од претседателските избори. Според првичните информации до 18 часот е 41%. Оваа информација ДИК се очекува да ја соопшти на прес конференцијата закажана за 18:30 часот.

На два часа до затворањето на избирачките места, поточно до 17 часот, на гласање излегле 665.985 граѓани, или 38,23 % од избирачите.

-Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус, рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Излезноста до 17 часот во вториот круг на претседатеслките избори е над 38 проценти, соопшти ДИК. Највисока е излезноста во Гевгелија, Вевчани и Прилеп, а најниска во Гостивар, Боговиње и Врапчиште. Набљудувачите оценуваат дека гласањето е мирно со помали нерегуларности.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1